септември 14, 2026

Светски ден на прва помош, 12ти септемри 2026

На ден 12.09.2026година во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје реализираше едукативна работилница под мотото „Првата помош и миграциите“.
Обуката за прва помош претставува достапна алатка која ги оспособува поединците и заедниците да препознаат кога некој е во неволја, да обезбедат непосредна поддршка и, кога е потребно, да ги поврзат лицата со соодветните услуги.

< врати се назад