Корпоративна соработка
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба, Скопје остварува широка соработка со институции, образовни установи, граѓански организации и корпоративниот сектор.
Програмските активности се спроведуваат во 17 основни училишта, 5 средни училишта, 3 високообразовни институции, ДУЦОР „Партение Зографски“, 2 детски установи (ЈУДГ „Детска радост“ и „25 мај“ со 10 клона), 33 основни организации при ОО Гази Баба и Клубот на млади, општините Гази Баба, Илинден, Арачиново и Петровец и нивните урбани и месни заедници, како и во соработка со НВО секторот, вклучително СОС Детско село, Кризен центар „Надеж“ и локалните здруженија.
Корпоративната и институционалната поддршка е обезбедена од општините Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново, ЈСП Скопје – Скопје, ЈКП Гази Баба 2007, како и компаниите Вардар градба, Маркети Рисал, Жито Лукс, Виталиа, Гранд експорт, Атлантик груп, Дени Интернационал, месарница Петковски, Компанија Атанасовски, Меѓународен аеродром Скопје – ТАВ, индивидуални донатори, Димса фрут, Аква маркет, Итек системи ДООЕЛ, Здружение на пензионери на Гази Баба.