С Т А Т У Т на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Профил на организацијата

Карактер на организацијата 1. „ Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Гази Баба (во понатамошниот текст: Општинска организација) е хуманитарна, доброволна, непристрасна, неутрална, универзална и независна организација на граѓаните, формирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: ЦКРСМ) за единиците на локалните самоуправи: Општина Гази Баба, Општина Илинден, Општина Арачиново и Општина Петровец, кои ги покрива со своето работење. 2. На територијата на единиците на локалните самоуправи, Општинската организација дејствува и работи како составен дел на ЦКРСМ. 3. Општинската организација во смисла на став 1 од овој член, дејствува и работи како непрофитна, самостојна и автономна организација и има помошна улога на властите во единиците на локалната самоуправа, при што ја задржува независноста да дејствува во согласност со политиките на ЦКРСМ и со Oсновните принципи на Движењето. 4. Општинската организација во својата работа ја промовира волонтерската служба. 5. Работењето на Општинската организација е уредена со овој Статут кој е во согласност со Статутот на ЦКРСМ. 6. Општинската организација во својата работа е обврзана да го почитува и спроведува Статутот на националното друштво и да ги спроведува одлуките, заклучоците, правилниците, политиките, правилата, кодексите и препораките донесени од националното друштво.

Статутот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје во целост можете да го прегледате преку следниот линк
< врати се назад