
јули 17, 2026
Регионален натпревар по прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје учествуваше на Регионалниот натпревар по прва помош во Прилеп на 09.05.2026година.
Нашата екипа го освои 5. место и обезбеди учество на Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026година.
Честитки до сите учесници на натпреварот и до организаторот за успешно реализираниот натпревар.
Продолжете понатаму да го надоградувате своето знаење, затоа што Првата помош спасува живот.



