
јули 17, 2026
Превенција од болести на зависности
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје во соработка со ООУ„Ристо Крле“ реализираше две едукативни предавања на тема “Превенција од болести на зависности”.
Предавањата беа наменети за ученици од 7 и 8 одделение.
Целта е да се подигне свеста кај младата популација за штетните последици од користењето на психоактивните супстанци.
Голема благодарност до училиштето за нивната соработка.

