јули 17, 2026

Општински натпревар по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 24.04.2026г. (петок) го реализираше Општинскиот натпревар по прва помош кој се одржа во училишниот двор на ООУ “Дане Крапчев „.

На натпреварот учество земаа 14 екипи во категорија основни училишта и 3 екипи во категорија средни училишта.

Категорија основни училишта

I место – ООУ” Наум Наумовски Борче „

II место – ООУ“Григор Прличев”

III место – ООУ“ Крсте Мисирков„

Категорија средни училишта

I место – СЕТУ “Михајло Пупин„

II место – СУГС“Панче Арсовски„

III место – АСУЦ “Боро Петрушевски„

Екипите кои ги освоија првите три места во категорија основни училишта продолжуваат на Градскиот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во месец јуни, додека екипата која освои прво место во категорија средни училишта ќе се натпреварува на Регионалниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи на 9 мај во Прилеп.

Благодарност до младинските демонстратори и наставниците – предавачи за успешна подготовка на екипите по прва помош.

⚘️Сакаме да изразиме и голема благодарност до ООУ “Дане Крапчев„ кои ни го отстапија училишниот двор за успрешна реализација на Општинскиот натпревар.

Им посакуваме многу среќа и успех на екипите во понатамошното натпреварување.

< врати се назад