ноември 1, 2026

Месец на борба против зависности

💭Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија традиционално е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година фокусот за одбележување на месецот ќе биде на младата популација на возраст од 12 до 19 години. Месецот го одбележуваме под мотото “Информирај се и донеси одлука!„.

💭По повод овој месец Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје ќе ги спроведе едукативни предавања за ученици од средните училишта.

< врати се назад