
Градски натпревар по прва помош
На 02.06.2026 година се одржа Градскиот натпревар по прва помош, на кој учество земаа 15 екипи од пет општински организации на Црвениот крст:
ООЦК Гази Баба
ООЦК Центар
ООЦК Чаир
ООЦК Карпош
ООЦК Кисела Вода
Од ООЦК Гази Баба учествуваа три екипи и ги постигнаа следните резултати:
I место– ООУ „Наум Наумовски Борче“
VI место- ООУ,,Григор Прличев”
VIII место – ООУ”Крсте Мисирков”
Придонес во реализацијата на натпреварот дадоа и нашите волонтери Тео Бојанчев и Ева Јанкова кои беа во улога на маркиранти ( повредени лица на кои им се укажува прва помош).
Голема благодарност до нашите едукатори кои ги подготвија екипите за Градскиот натпревар по прва помош, Александар Недев и Петар Ристовски.
Честитки до сите екипи и наставници за успешното претставување и вложениот труд!





