јули 17, 2026

Еко концерт

На ден 20.05.2026година се одржа еко концерт во Домот на култура „11 Октомври“ во соработка со Мандолински оркестар „Скопје“ и Нула отпад под мотото „Донеси потрошена батерија или друг електронски отпад“.

Еко концертот на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ се одржа под раководство на диригентот Ерхан Шукри.

На концертот беше поставен штанд за неупотребливи електронски уреди и батерии, кои посетителите ги донесоа како замена за карта.

Целта на концертот беше да се поддигне еко свеста кај популацијата за правилната селекција

на отпадот и грижата кон животната средина.

Сакаме да изразиме голема благодарност до Мандолинскиот оркестар „Скопје“, Нула отпад, посетителите и волонтерите кои дадоа голем придонес во реализацијата на еко концертот.

< врати се назад